dj2404Александар Џагадуроски – Кандидат за пратеник во И.Е.4 – СДСМ

Почитувани,
Образованието во Република Македонија е целосно деградирано и партизирано.
За Владата на ВМРО-ДПМНЕ приоритетни беа проектите за кои се трошат милионски суми, а ефектот од нив е минимален. Примери за ова се фрлените 68 милиони евра за проектот „компјутер за секое дете”, како и проектот со нестручните преводи на стручната литература.


Децата, студентите и наставниот кадар заслужуваат подобри услови и образование. За таа цел идната Влада на СДСМ ќе ги превземе следните мерки:
– Средствата за образование од моменталните 3,5% од БДП, значително ќе ги зголемиме до крајот на мандатот, во висина помеѓу 4,5 до 5 % .
– Ќе го укинеме екстерното тестирање како проект кој побуди најголем револт кај децата и нивните родители. Со овој проект се девалвира целиот напор и труд на наставниците, како и на самите ученици.
– Вработените во најдобрите 15 основни и 10 средни училишта, ќе добијат 30% поголема плата во текот на наредните 12 месеци.
– Ќе воведеме поголема грижа, заштита и мотивација на наставниците, наспроти притисокот и инспекциите кои ги трпат во изминативе неколку години.
– Ќе воведеме нови звања за наставниот кадар, кои ќе имаат значајна улога во нивната кариера и бенефиции.
– Ќе го подобриме студентскиот стандард и стипендирањето.
– Ќе воведеме државна квота на бесплатно студирање на најдобрите матуранти.
– Секој студент ќе добие електронска картичка за студентски поволности; бесплатен јавен градски превоз, попуст за исхрана, концерти, театар, спортски настани.
– Ќе се реновираат постоечките студентски домови, низ внатрешноста ќе се градат нови, а во Скопје ќе се изгради Студентски град.
Почитувани,
Македонската економија е тесно врзана со знаењата и вештините кои ги стекнуваат младите и студентите низ образовниот процес. Ова се се само дел од мерките со кои, ќе го ПРОМЕНИМЕ образованието, со цел подобар и подостоинствен живот во иднина.
Број 1 на пратеничката листа е за тие промени, а бројот 3 за Стево Пендаровски, мојот Претседател.
Ви благодарам.