Хари Локвенец – Носител на листа на пратеници од И.Е.4 – СДСМ
Почитувани,
Власта на ВМРО-ДПМНЕ создава лажен впечаток дека невработеноста се намалува, преку административно бришење на невработените од списоците на Агенцијата за вработување.
За разлика од Владата на Груевски, приоритет на идната Влада на СДСМ ќе биде поттикнувањето на нови работни места, пред се, во приватниот сектор и обемни буџетски стимулации за отпочнување на сопствен бизнис.
Ние ќе водиме суштинска политика на вработување и пристојна работа, а за таа цел ќе ги превземеме следните мерки:
– Минималната плата ќе изнесува 10.000 денари. Тоа ќе го направиме ВЕДНАШ и за сите.
– Ќе ги изедначиме условите за инвестиции на домашните со странските инвеститори.
За младите,
– Проект „гаранција за млади” по примерот на ЕУ. Ова значи, секој млад човек ќе добие понуда за вработување, пракса или можност да се дообразува.
– 16 бизнис инкубатори за отворање на преку 5.000 нови работни места годишно.
За жените,
– Ќе воведеме право на породилно отсуство во траење од 12 месеци
– Вистинска заштита за жените работнички, целосна забрана за ноќна и прекувремена работа за бремените работнички
За долгорочно невработените,
– Ќе ги зголемиме средствата за активни мерки за вработување во приватниот сектор, кои на крајот од четвртата година ќе изнесуваат 30 милиони евра.
Нудиме и системско уредување на пазарот на работна сила, по европски стандард:
– Ќе го зголемиме периодот на паричен надомест во случај на технолошки вишок од 18 месеци на 3 години.
– Надоместот на плата во случај на боледување ќе го зголемиме на 85%.
– Целосно либерализирање на законските одредби за синдикално здружување. Синдикатите ќе бидат вистински заштитници на работникот.
Имаме и иновативни мерки за пазарот на труд:
– Проект „Работа по мерка”, што ќе опфаќа нетрадиционални и современи форми на вработување.
– Проект „Креативни индустрии”, кој ќе значи формирање на „заедници на таленти”, нешто слично на постојната комора на занаети.
Почитувани сограѓани,
Во целост ќе ја исполниме превземената обврска да ја намалиме социјалната раслоеност и да ја вратиме средната класа. Време е за ПРОМЕНИ и НОВ ПОЧЕТОК.