Филип Попоски – Портпарол на ОО на СДСМ Прилеп
Почитувани,
Синдикалната организација СОНК, на чие чело се уште стои Јаким Неделков, никако да се оттргне од партиското влијание на ВМРО-ДПМНЕ.
Во повеќе наврати предупредувавме дека регионалниот координатор на СОНК во Прилеп, е кадар на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и посочувавме на неговата партиска улога.
Златко Думбалоски, не ја крие својата партиска припадност, за што постојат повеќе слики каде тој присуствува на партиски средби, состаноци и собири на ВМРО-ДПМНЕ.
Чии интереси брани Думбалоски, на самостојниот синдикат, којшто треба да е независен и непартиски, или на ВМРО-ДПМНЕ? На работниците, или на партијата?
И наместо да биде отпуштен од синдикатот заради неговото учество на партиски средби на ВМРО-ДПМНЕ, лицемерно и без ниту малку срам Думбалоски сега се претставува како бранител на правата на работниците на коишто им завршиле договорите за работа во училиштата и градинките на 31.12.2017 година.
Каде беше Златко Думбалоски да организира протест и да бара од поранешната локална власт на чело со Марјан Ристески да им го реши статусот на овие работници, наместо да ги остава на договори?
По какви критериуми Златко Думбалоски и неговата сопруга се вработени во иста образовна установа, Основното училиште „Добре Јованоски“, по партиска или по стручна?
Почитувани,
За разлика од претходните 12 години власт на ВМРО-ДПМНЕ, кога партиските „тевтерчиња“ и списоци беа единствен услов за вработувања, денес институциите работат независно и професионално. Денес, институциите ангажираат работен кадар исклучиво врз основа на квалитет, професионалност и стручност.
Ги охрабруваме СОНК и сите останати синдикатите да се ослободат од партиската спрега. Само силни и независни синдикати, отпорни на партиски притисоци и влијанија, можат реално да ги бранат интересите на работниците и граѓаните.
Со почит,
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп