Писмена реакција на соопштение на ДПМНЕ Прилеп

Почитувани сограѓани,

Прекумерното богатење на господата од ДПМНЕ на криминален начин, преку провизии и коруптивни тендери, изгледа им го помрачило разумот па не можат да ја видат реалноста, а тоа е дека народот има една идеја и тоа:  ЗБОГУМ Никола, ЗБОГУМ ДПМНЕ.

Прилепчани порачуваат, збогум за премиерот кој се вози во мерцедес од 600 илјади евра, додека народот гладува и нема за леб. Збогум за власта која избрка 600 илјади млади луѓе во странство. Збогум за власта која од Прилеп направи град на беда и сиромаштија, која ја уништи прилепската болница, го заглави во 100 милиони евра долг Тутунскиот комбинат, која го уништи приватниот сектор, не отвори ниту едно работно место и не донесе ниту една реална странска инвестиција во Прилеп.

Уште сега ги повикуваме господата од ОК на ДПМНЕ од Прилеп, после 24 Април, 2016 година, кога ќе бидат опозиција, да ги поддржат проектите од програмата на СДСМ, со кои ќе го вратиме достоинството на прилепчани.

СДСМ веќе 6 месеци, заедно со граѓаните и експертската јавност, ја создава Визијата за Македонија, го слуша гласот на граѓаните и заедно со граѓаните работи за подобра иднина на Прилеп и Македонија.

Со почит!

Центар за Комуникации со јавност СДСМ Прилеп