Соопштение до јавност
Лицемерието на кумот Ставрески, човекот кој самиот тврди „немаме за леб, а трошиме на чоколада“, достигна кулминација на вечерашната трибина во Прилеп, изјавувајќи дека стопанството ќе било ослободено од грчот и притисоците, а невработеноста намалена.
Дали Ставрески, мислеше на она исто стопанство и на истите оние дуќани и фирми во Прилеп, за кои слушнавме како Миле Јанакиески нарачува „пиштење и вриштење“ од казни и затворања?
Очигледно за Ставрески, 600 илјади граѓани, најголем број млади и образовани, коишто неповратно ја напуштија Македонија, е намалување на невработеноста.
Ако Груевски „изгубил контакт со реалноста“, како што тврди Ставрески, тогаш истото важи и за него.
Граѓаните на Прилеп имаат само една идеја: ЗБОГУМ ГРУЕВСКИ, ЗБОГУМ ДПМНЕ!
Со почит!
Центар за Комуникации со јавност СДСМ Прилеп