Петра Лукареска – Координаторна на Форум на жени, ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Форумот на жени на ОО СДСМ – Прилеп се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базираното насилство“, која по тој повод започна на 25 ноември .

Со денешниот настан јасно порачуваме дека нема оправдување за било каква форма на насилство врз жените.

Нашите заложби се за градење на фер, праведно и еднакво општество, базирано на принципите на родова еднаквост и рамноправност во секој сегмент од живеењето.

Цврсто и одлучно стоиме на заложбата за нулта толеранција за насилство врз жените и девојките, во било каква форма и да се случува: физичко, психичко, сексуално, вербално…

Во тој правец, Владата предводена од СДСМ ги превзеде следниве мерки за спречување на насилство врз жените:

– Усвоен е Националниот акциски план за имплементација на истанбулската конвенција.

– Изготвен е предлог закон, кој ќе ги опфати сите форми на родово базираното насилство.

– Министерствот за труд и социјална политика одвои 6.400.000 денари за имплементација на конвенцијата и отворање на сервиси за поддршка на жртвите од родово-базирано насилство.

– До крај на 2019 година се отвораат вкупно 10 сервиси за жртвите, отворена СОС линија, кризен центар, шелтер центар за сместување до 6 месеци и советувалиште со психосоцијална заштита.

– Со новиот закон за абортус и’ го вративме правото на жената да одлучува за своето тело.

– Oтворени се 3 центри за жртви од сексуално насилство.

Почитувани,

Убедени сме дека чекориме на прав пат и градиме еднакво општество за сите, каде жената се чувствува сигурно и моќно и заедно со мажот чекори во подобра иднина.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп