Петра Лукареска – Координаторна на Форум на жени, ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Подобрувањето на условите за земјоделците и намалувањето на нивните трошоци, се’ со цел повеќе пари да завршуваат во рацете на секој земјоделец, е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Токму затоа, за прв пат ја воведуваме мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, со која жените – земјоделки можат да се пријават за грант неповратни средства, во износ од 180.000 денари или 3.000 евра.

Огласот е објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој, на кој до 26 декември, 2019 година, сите заинтересирани жени – земјоделки може да се аплицираат за оваа финасиска поддршка.

Целта е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани земјоделки и со тоа подеднакво да придонесат во развојот на земјоделството.

Со добиените средства може да се набави најразлична опрема за постапување со земјоделски и млечни производи.

Дополнително, преку мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, се промовира и директна продажба или продажба од праг,  за што е подготвен и Правилник за флексибилност за производи од животинско потекло. Со тоа идентитетот и квалитетот на производот којшто го произведуваат жените во руралните подрачја, навистина ќе дојде до израз.

Почитувани, на секој чекор покажуваме и докажуваме дека земјоделските мерки на СДСМ, се на прав пат.

Градиме силно и конкурентно земјоделство, расте производството и се повеќе пари завршуваат назад кај земјоделците.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп