Александар Китаноски – Советник

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ покажа дека подеднакво се грижи за сите категории на граѓани, од најмладите па се до највозрасните.

Со новото законско решение со кое пензиите се зголемуваат согласно растот на минималната и просечната плата во државата, почнувајќи од 1 јануари следната година секој пензионер добива дополнителни 700 денари.

Истовремено, со усогласување на пензиите со трошоците на живот, пензионерите добиваат и дополнителни 160 до 200 денари.

Што значи, пензиите во 2020 година ќе пораснат вкупно за околу 900 денари.

Тоа се околу 900 денари повеќе, секој месец за секој пензионер.

Ова е најголемо покачување на пензиите во последните 12 години, со кое просечната пензија во 2020 година ќе изнесува околу 15.500 денари, што од 2016 година па наваму е зголемување за 12,7 отсто.

Почитувани,

Додека ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски дрско манипулираат со граѓаните и се обидуваат да го спречат покачувањето на пензиите, СДСМ за само 2 и пол години покажа и докажа дека може да се стабилизира пензискиот систем, а во исто време пензиите да продолжат да растат.

Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ секоја година им го оспоруваше правото на законско зголемување на пензиите, па пенизонерите добиваа ад хок паушално зголемување на крајот на годината, кое поделено на 12 месеци изнесуваше само 60 денари месечно.

Ние, со новото покачување, за цела година даваме околу 900 денари месечно.

Јасна е разликата помеѓу неодговорниот расипнички пристап на ВМРО-ДПМНЕ и одговорните политики на СДСМ. Тоа граѓаните го гледаат, а на 12 април ќе потврдат дека државата е на прав пат и ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп