Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека за нив е поважна одбрана на 12 годишниот криминал и судбината на Никола Груевски, отколку иднината на граѓаните на Македонија.
Затоа сега упорно шират лажни вести и сонуваат за амнестија на криминалот и насилството со кои безмислосно ја пустошеа државата.
Со постигнатиот Договор со Грција за 25 годишниот проблем се обезбедуваат врвните национални и стратешки интереси на Македонија!
Договорт е јавно и транспарентно претставен пред целата македонска јавност, со сите негови детали. Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и локалните партиски гласноговорници, свесно и злонамерно ги лажат граѓаните дека постоел термин „северно македонци“.
Ние сме Македонци, нашиот јазик и идентитет се македонски и тоа е потврдено и загарантирано со Договорот, еднаш и засекогаш. Никој, никогаш и никаде, нема да не нарекува никако поинаку освен тоа што сме, Македонци!
Договорот е патриотски чин и историски успех за Македонците и за сите граѓани на Македонија.
Се обезбедува членството во Нато, раст во економијата, нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните, се отвораат вратите на ЕУ.
Додека ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот, СДСМ и граѓаните обезбедуваат европска иднина за Македонија. Македонија оди напред!
Со почит,
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп