sdsmprilep1Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ, како партија има најмалку кредибилитет да зборува за државност, затоа што нејзиниот лидер и Премиер во заминување, Никола Груевски, ја претвори Македонија во земја на самоволието, во која тој и малата криминална група околу него со години неказнето влегуваат во криминални, коруптивни зделки, ја злоупотребуваат својата моќ и се над правото, Уставот и законите на Република Македонија.
На кого каде му е местото, денес одговорија граѓаните на општина Прилеп, за кои ниту лошите временски услови не беа пречка, масовно да го посетат традиционалниот граѓанскиот собир во село Селце, на којшто присуствуваше и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Граѓаните, земјоделците, стопанствениците од прилепскиот регион порачаа дека им е доста од политиката на казни, уцени и притисоци, политика со која власта на ВМРО ДПМНЕ го осиромаши народот и ги избрка младите во странство.