Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ – Прилеп
Почитувани,
Неодговорноста, неработењето и партиското профитерство на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, директно допринесоа за зголемување на бројот на новозаболени од коронавирусот.
Во време кога здравствените работници со целиот свој капацитет се борат да го задржат коронавирусот под контрола, полицијата предводена од Чулев не презема ништо за да ги спречи масовните прекршувања на забраната за движење, забраната за групирање и непочитувањето на задолжително носење на заштита опрема.
Веќе втор ден Чулев молчи и свесно не презема ништо против неговите сопартијци и кандидати за пратеници Петар Ристески и Ане Лашкоска, кои ги прекршија законските уредби за забрана за групирање и носење на заштитна опрема и присуствуваа на јавни настани со масовна посетеност, од кои што самите објавија слики. Очигледно, на партискиот послушник Чулев поважни му се интересите на Мицкоски, Ристески, Лашкоска, отколку заштитата на здравјето на граѓаните и јавното здравје.
Дополнително, со крајно неодговорната и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се казнуваат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, Чулев директно поттикна непочитување и прекршување на рестриктивните мерки.
Дека на Чулев и Мицкоски партискиот интерес им е поважен од здравјето на граѓаните, потврдува и тоа дека бараат разрешување на Комисијата за заразни болести, барање зад кое се крие можна намера да се влоши состојбата со коронавирусот и повторно блокирање на институциите и државата.
Чулев мора веднаш да поднесе оставка, затоа што ја злоупотребува полицијата исто како во времето на режимот, свесно ги загрозува животите на граѓаните и поттикнува незаконско постапување. За да го спречиме ваквото антинародно и антидржавно однесување на Чулев и Мицкоски, потребни се избори.
Нова Влада и Собрание со полн легитимитет од граѓаните, е решението за неодговорното однесување на Мицкоски и неговите кадри во техничката Влада.
Да обезбедиме институции со полн капацитет, кои ефикасно ќе се справат со последиците од актуелната пандемија, но и ќе бидат подготвени за новиот бран на коронвирусот кој се очекува наесен.
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп