Почитувани граѓани,

Македонија заслужува европска иднина. Прилеп заслужува европска иднина.

На 30-ти септември избираме да одиме напред, кон подобра иднина, преку членство во НАТО и ЕУ.

На 30-ти септември, секој глас ЗА носи повеќе странски инвестиции и повеќе приходи за сите граѓани.

На 30-ти септември, секој глас ЗА носи повисоки плати и нови работни места.

Со нашиот глас ЗА, на 30-ти септември, овозможуваме зголемување на европските фондови за Македонија.

 

Тоа се повеќе пари за земјоделието, за спортот, за инфраструктурата, за патишта, мостови, железници, училишта, градинки.

На 30-ти септември заедно го запираме трендот на иселувањето. Младите нема да ја бараат Европа надвор од границите. Европа ќе стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие тука во Прилеп, во Македонија.

Во Бугарија просечната плата порасна дупло по влезот во ЕУ и НАТО, а невработеноста се намали на 5%.

Во Романија просечната плата порасна за 400%, а невработеноста се намали на 4%.

Во Хрватска вработеноста кај младите се зголеми од 26% на 43%.

Еве ја сега и нашата шанса. Имаме историска можност, да станеме дел од европското семејство. Да станеме рамноправни со најсилните земји во светот.

Затоа, сега е времето да се обединиме, да се издигнеме над сите партиски, лични и други интереси.

На 30-ти септемви гласаме ЗА безбедна, развиена и европска Македонија.