Мицкоски и Стерјоска не се грижат за здравјето на граѓаните, нивната цел е заштита на криминалците во сопствените редови

Соопштение за јавност

Почитувани,

Советничката од редовите на прилепскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Локвенец Стерјоска, по примерот на нејзинот лидер Мицкоски, во време на колективна борба со коронавирусот, шири црна кампања против македонското здравство.

Мицкоски и Стерјоска, не се грижат ниту за граѓаните, ниту за јавното здравје, ниту за здравствените работници. Единствената нивна грижа е заштита на криминалците во сопствените редови и блокирање на постапките, кои против нив се водат во судовите и обвинителствата.

Во таа насока, денешниот обид на Стерјоска да манипулира со состојбите во прилепската болница, е само очаен чекор за дефокусирање на вниминието на јавноста од новата кривичната пријава која ОВР Прилеп ја поднесе против екс градоначалникот, Марјан Ристески.

Јавноста со нетрпение го очекува и исходот од судските постапки кои се поврзани со директорувањето на Стерјоска со Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за здравството.За време на нивното 11 годишно владеење, прилепската болница го допре дното. Оставија огромни долгови и недостиг на лекари, медицински персонал и опрема во сите одделенија.

Синоним за партизирање на Општата болница во Прилеп е токму поранешниот прв човек на ДПМНЕ од градот и актуелен пратеник, Петар Ристески, кој самиот им порача на вработените дека таму биле вработени заради партијата, а не дека биле стручни, зашто во јавноста постојат и аудио снимки.

СДСМ во континуитет ги подобрува состојбите во здравството.Само во последните две години, за 4 пати ја зголемивме во здравството. Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%. Овозможивме над 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации.

За разлика од Мицкоски и ДПМНЕ, СДСМ го штити здравјето на граѓаните и ги цени и вреднува оние кои се на првата борбена линија со Ковид-19.

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп