Реакција на прес од ДПМНЕ од 11.01.2013
Господо од ДПМНЕ, поддржувачи на режимот,
Дволичноста и лицемерието на градоначалникот во заминување Марјан Ристески нема крај! До кога Марјан Ристески ќе се задскрива зад други лица?
Дали Марјан Ристески има храброст лично да излезе, да ги посети, и на граѓаните од населбата Тризла 2, да им објасни што направил за нив? Нека собере храброст, и нека им објасни колку го чисти Дабнички канал и зошто секоја година домовите им се поплавуваат? Нека им ја презентира измислената водоводна мрежа на жителите од Три Багреми, кои живеат во картонски и лимени куќарки, се мијат во ископани корита во земја, пијат загадена вода, и се борат со разни зарази.
Нека ги посети лицемерот Ристески, истите овие прилепчани од Тризла2 и нека им објасни зошто им ја укинаја социјалната помош само дека собирале пластични шишиња. Нека им објасни како да го преживеат следниот ден! Нека ја посети, патем и Незакет Исмаилоска, па нека и објасни зошто наместо социјална помош, доби ќотек од обезбедувањето на центарот за социјални работи.
Па потоа нека им објасни зошто се вработуваат само роднини на партиските функционери на ДПМНЕ, како што е случајот со сестрата од пратеникот Димитар Стеваанџија, која ја вработи како професорка во средно медицинско.
Заради сето ова, секој ден жителите на населбата Тризла, доаѓаат во се поголем број на протестите. Ги повикуваме сите прилепчани, утре 12.01.2013 во 8:00 часот пред туристичко биро(Хотел Скопје), со организан превоз одиме во Скопје на марш за вистината, под мотото „Отпор против режимските лаги“.
За татковината се работи! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ!
СДСМ ПРИЛЕП
11.01.2013