svnpsdsmppПочитувани пријатели, драги сограѓани,

Со особена чест и задоволство сакам да ве известам дека со одлука на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, Сашо Велески е именуван за претседател на Општинската организација на СДСМ од Прилеп.
Изборот е направен после спроведената внатрепартиска процедура пропишана со Статутот на СДСМ и Одлуката за распишување на внатрепартиски избори, како и Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членови на органите и носителите на функции во Општинските организации.

Имајќи ги во предвид личните и професионалните квалитети на Велески, како и неговото повеќегодишно партиско искуство искажано, пред сè, преку неговиот ангажман како координатор на советничката група на Социјалдемократскиот сојуз во Советот на Општина Прилеп, уверени сме дека и нашата партија, но и опозицијата во целост, добија вистински лидер. 

Цврсто веруваме дека граѓаните на Општина Прилеп ќе ја препознаат визијата на новото општинско раководство на Социјалдемократскиот сојуз предводено од Сашо Велески. Во таа насока, ова нека биде покана до сите нив да ни се придружат во бескомпромисната борба за враќање на киднапираната демократија, за девалвираниот животен стандард и уништената иднина на генерации и генерации млади луѓе.

Почитувани,
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се враќа на победничките патеки. Тоа ќе се случи веќе на првите следни избори, без разлика кога тие ќе се одржат и без разлика какви ќе бидат.
Ви благодарам.