Прилепчани никогаш повеќе нема да бидат заложници на режимот од Груевски

sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ од 10.01.2013

Господо од ДПМНЕ, поддржувачи на режимот,
Ниту Вие, ниту градоначалникот во заминување Марјан Ристески,со ваквите безидејни пресови, неможете да го сокриете стравот од реакцијата на прилепчани после „црниот понеделник“.

Секој ден после „црниот понеделник“ Вам ви се случува народ. Реки од народ по прилепските улици! Вчерашниот протест на кој беше присутна пратеничката Радмила Шеќеринска, беше поддржан од над 5 илјади прилепчани! 5 илјади горди и одлучни жители на градот херој, а не „мајмуни“, како што Вие и Благородна Дулиќ ги нарекувате!

Се додека Марјан Ристески, Стевананџија, Лашкоска и останатите, не се извинат и оградат од навредата дека прилепчани се „мајмуни“, додека не се дистанцираат од режимот кој тепа сопствен народ за пари, прилепчани секоја вечер ќе излегуваат на улиците во се поголем број.
Прилепчани никогаш повеќе нема да бидат заложници на Груевски и Фамилијата! Прилеп заслужува развој и иднина, која се вика-Хари Локвенец! Затоа отпорот продолжува! Режимот ќе биде скршен! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ!

СДСМ ПРИЛЕП