Праведен данок за праведно општество

dj1704Александар Џагадуроски – Кандидат за пратеник на ИЕ 4 – СДСМ

Почитувани,
Власта нема што да им понуди на прилепчани. Вчерашниот митинг на ДПМНЕ, кој беше полн со навреди и ниска реторика, е потврда за тоа.
Најповиканите за бедата и сиромаштијата во Македонија, Груевски и Ставревски, не понудија ниту една сериозна мерка за подобрување на социо-економскиот живот на ѓраните на Прилеп.

 


Прилепчани не добија одговор на суштинските прашања:
Каде се ветените странски инвестиции, фабриките со стотици нови работни места во слободната економска зона кај Алинци во Прилеп, како и новите погони и фирми во индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 2 ?
Зошто во Прилеп нема ниту една странска инвестиција, а имаме министер за странски инвестиции?
Зошто стопанството пропаѓа, дуќаните се затвораат, малите и средни бизниси се гасат?
Почитувани сограѓани,
Наспроти популизмот на ДПМНЕ, ние нудиме програма со која во еден мандат ќе ја вратиме средната класа и ќе обезбедиме подобар и поквалитетен живот.
За таа цел, предвидуваме целосна реформа на даночниот систем и праведни даноци.
Покрај мерката за поврат на 15%ДДВ, што ќе значи 130 милиони евра назад во рацете на граѓаните, ќе воведеме и праведно оданочување. Односно, повисок данок за најбогатите, а намалување на данокот за сите останати.
Граѓаните кои остваруваат годишен приход до 720 илјади ден. ќе плаќаат персонален данок на доход од 9%, а оние кои имаат приход над тоа, ќе плаќаат 18%.
На сите редовно вработени, кои имаат плата до 12.000 ден. владата на СДСМ ќе им го враќа платениот персонален данок на доход.
На домашните инвеститори ќе им овозможиме еднакви услови, поволности и даночни олеснувања, како и оние на странските инвеститори во развојните зони.
Предвидуваме 3 годишно ослободување на данок од добивка на повратници од странство, доколку своите заштеди ги вложат во отворање на бизнис, како доминатни сопственици на постоечко претпријатие во Македонија.
Исто така, на 3 години ќе бидат ослободени од данок на добивка, фирмите кои дополнително ќе вработат 50 лица на неопределено време.
Намалување за 50% на данокот на добивка на микро и мали претпријатија, во годината кога ќе вложат во основни средства за дејноста која ја вршат.
Почитувани,
Време е за праведно општество. Време е за ПРОМЕНИ и НОВ ПОЧЕТОК.
Ви благодарам.