Горан Сугарески Кандидат за пратеник во И.Е.4 СДСМ
Почитувани,
Македонија е земјоделска земја со поволни природни услови, но сепак состојбите со земјоделието, а особено со тутунопроизводството, се крајно загрижувачки и во криза!
Г-дине Груевски, ДПМНЕ системски го осиромашува македонскиот тутунопроизводител. За 8 години дупло ги зголемивте цените на нафтата, огревот, електричната енергија, минералните ѓубрива, храната и другите трошоци за живот и производство.
Згора на тоа, за годинешнава реколта Груевски бесрамно ги излажа тутунарите за просечна цена од 180 денари за килограм тутун, а за подобриот и до 200 денари. Годинава секој прилепски тутунар зеде околу 60 денари помалку, приближно во висина на субвенцијата.
Македонскиот тутунопроизводител, кој е работлив и чесен, заслужува повеќе и подобро.
Во нашата програма ветуваме:
• Субвенцијата од 60 денари за килограм тутун, ќе се зголемува доколку поскапат трошоците за производство и цената на нафтата на светска берза. Притоа, субвенциите ќе бидат навреме доделени, а не само пред избори.
• „Зелена нафта” за секој земјоделец. Идната Влада на СДСМ ќе ја субвенционира нафтата за земјоделската механизација.
• Ќе го укинеме персоналниот данок за замјоделците.
• Заради тешката и напорна работа, ќе овозможиме бенефициран стаж за земјоделецот. Односно, 13 месеци стаж, за 12 месеци работа!
• Ќе водиме сметка за земјоделците на кои иединствена егзистенција им е тутунот, секогаш да имаат приоритет при склучувањето на договори.
• Ќе има законска регулатива за откуп на целата годишно прозведена количина тутун.
• Тутунот ќе се откупува во 3 класи, и тоа според бербата (горна, средна и долна класа).
• Ќе се зголемат цените по класи за килограм откупен тутун.
• Ќе ги укинеме белите картони. Државата ќе издава одобренија врз база на претходно склучени договори со тутунските откупни компании.
• Измена на правилникот за органолептичка проценка при откупот на тутун, со цел заштита на интересите на тутунопроизводителите.
• Ќе извршиме и ревизија на доделеното државно земјоделско земјиште, со цел земјата да заврши во рацете на вистинските земјоделци, а не во рацете на поединци-концесионери, кои не го обработуваат, а притоа земаат субвенции за истото.
Почитувани,
Не само заради уништеното достоинство на прилепските тутунопроизводители, Никола Груевски, кумот Ставрески и ДПМНЕ – најодговорните за колапсот на македонската економија, кои дозволивија Прилеп да биде град на невработени, сиромашни и разочарани граѓани, град без млади и без иднина, наместо поддршка, денес треба да побараат прошка од прилепчани.
Прилепчани заслужуваат Промени и нов почеток! Потребни се нови лица за нов државен концепт за подобар живот.
Ви благодарам.