Незаконитоста и корупцијата беа карактеристика на власта на ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески

Почитувани,

Доследно почитување на позитивните законски прописи и поставување на интересите на граѓаните како врвен приоритет, се одлика на работењето на СДСМ и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Незаконитоста и корупцијата беа карактеристика на претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески, чие 12 годишно криминално работење остави штетни последици по функционирањето на локалната самоуправа и стандардот на граѓаните на општина Прилеп.

Реконструкцијата на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ надвор од сите закони и стандарди, изградбата на училиште среде нива без било каква инфраструктура, скандалозното раководење на Домот за стари лица, се „делата“ кои ВМРО-ДПМНЕ ги остави зад себе на локално ниво.

Впрочем, кривичните пријави против екс градоначалникот Марјан Ристески, неговиот братучед Златко Ристески и повеќемина други функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешната локална власт, за кои допрва ќе одлучува Основниот суд во Прилеп, се најдобра потврда за начинот на кој сегашната опозиција ја практикуваше власта.

Деновиве граѓаните ќе сведочат на реализацијата на неколку капитални проекти кои градоначалникот Илија Јованоски им ги вети на граѓаните на општина Прилеп, меѓу кои се и набавката на четирите нови автобуси на метан, изградбата на нов мост во населбата „Сточен пазар“, проектот „Маркови кули – заштита и делување“, како и проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“.

Конечно, тековните градежни работи на Градскиот стадион и неговото повторно  ставање во функција после повеќегодишна пауза, се најдобар показател за работата на актуелната локална власт.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп