Над 2 милиони Евра долг на прилепската болница

jovanoski press 14102012

Почитувани граѓани,почитувани преставници на медиумите

Бројните закани кои во пресрет на денешниот генерален штрајк стигнаа на адресите на многу наши колеги од цела Р. Македонија,ниту ќе не исплашат,а уште помалку ќе не поколебаат во намерите да се избориме за нашите права и да го заштитиме нашето достоинство.
Ќе докажеме дека вашиот т.н. проект плаќање по учинок не е добар и треба да се повлечи и промени и дополни.
Недозволиво е во една институција како што е болница еден месец да трае грејната сезона а да нема греење во ниедна соба и во болничките соби во болницата во Прилеп. Недозволиво е затоа што денес за првпат се пушти греењето можеби во согласност со денешниот генерален штрајк што се случи во Р.Македонија на докторите,ама тоа нема да ги оправда затоа што до ден денес нема стигнато мазут за греење во болницата во Прилеп. На што се должи тоа, па сигурно на неодговорноста и на неодговорниот однос на раководството во болницата во Прилеп.
Во Прилеп викаат дека домаќините огревот го припремаат во раната пролет а сега останатите во доцната есен, како што е случајот со раководството во болницата во Прилеп.
И покрај тоа што нема мазут за оваа година обезбедено, долговите во прилепската болница не се ниту намалени напротив од ден на ден се зголемуаат, долгот на прилепската болница е околу 135.000.000 денари или одприлика над 2.000.000 евра.Тоа никогаш не било случај со прилепската болница. Ова е максимумот и е недозволиво да се случува во болницата. Години уназад имало долгови,но вака енормно високи никогаш не биле.
А посебна приказна е пак кадровската политика што ја води раководството на болницата.Ќе ви посочам само еден пример.Минатата година имаше конкурс за вработување на 4 доктори во прилепската болница.На тој конкурс се јавија и двајца специјалисти гинеколози. Но покрај тоа раководството на прилепската болница одлучи да прими 4ца општи доктори а ги изостави готовите специјалисти гинеколози.
И тоа се врати како бумеранг.Затоа што знаеме пред 2-3 год. што се случи на гинеколошкото одделение да сега во овој момент недостасуваат доктори гинеколози па мора раководството на прилепската болница да повикува доктори гинеколози од Битола и да ги плаќа за едно дневно дежурство по 100 евра. Трагедијата да биде поголема неможеле да дежураат по еден доктор морало да дежураат во исто време во исти ден двајца доктори специјалисти од Битола кој ќе земаат по 100 евра на ден.,а останатите доктори во болницата во Прилеп на сите други одделенија дежураат за 1.000 и нешто денари денот.Тоа мислам дека неможе да продолжи понатаму и не е добро решение.Најпрво раководството со тоа ги навредува докторите специјалисти и стапнува на нивното достоинство затоа што ги става во нерамноправна положба, а од друга страна раководителот на болницата директорот или управниот одбор го кршат законот за здравствена заштита и законот за работни односи, со тоа ја злоупотребува службената положба.
Директоре еден ден за ова треба да дадете отчет.

Ви благодарам.