Ниту дождот и лошите временски услови не ги спречија прилепчани, денес, масовно да го посетат традиционалниот граѓански собир „Празнувај и дружи се!“ и во огромен број да го поздрават идниот Премиер на Р. Македонија, Зоран Заев.
Позитивната енергија и цврстата решеност за подобро утре на чело со СДСМ, денес беше јасно и недвосмислено демонстрирана од страна на граѓаните на општина Прилеп.
ОО на СДСМ Прилеп секоја година по повод празникот 11-ти Октомври, симболот за непокорот на градот Херој и народно ослободителната борба, го организира традиционалниот граѓански собир во манастирот „Св. Димитрија“ во с.Селце.