sdsmlsПочитувани,

Евидентен е хаосот кој владее во ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори. Можеби тоа е причината што партијата се уште не може да избере свои кандидати за градоначалници, како што е случајот и со Прилеп? Очигледно, големата поддршка на граѓаните за опозицијата и нејзините кандидати си го направи своето.

Кандидатурата на Хари Локвенец за градоначалник на Прилеп, СДСМ со гордост ја објави уште во јуни, оваа година.

И покрај целосниот ангажман на повеќе државни служби, 5 месеци не се доволни и ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да најде нешто за да го обвини.

Исто така ВМРО-ДПМНЕ пет месеци не може да најде противкандидат на Локвенец кој е познат меѓу прилепчани како човек со резултати зад себе, чесен, одговорен и успешен. Веројатно последните анкети кои по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ се прават деновиве во Прилеп и кои покажуваат најголема поддршка на граѓаните за Хари Локвенец ја натера власта да излезе со лаги и манипулации.

Ќе споменеме само две:

Прво, фактот што Хари Локвенец е сопственик на фирма 20 години, со исто име и иста жиро сметка, е потврда за неговото чесно работење и неговата успешност.

И второ, фирмата „Гинис“ ниту ја приватизирала ниту ја купила фирмата „Ридтекс“, туку еден објект на оваа фирма и тоа на јавно наддавање, во февруари 2008-ма година!

На ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно дека за народот, за граѓаните на Прилеп нивните игри се одамна прочитани.

Почитуван во Прилеп и во цела Македонија, Локвенец е вистински човек за градоначалник и прилепчани го препознаваат тоа. Со еден збор доцна е за ваквите валкани игри на власта.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП
14.11.2012