Младите од ДПМНЕ-Прилеп да ја слушнат аудио снимката за партиските вработувања на Петар Ристески во прилепската болница

Соопштение до јавност

Почитувани,

Ги повикуваме младите гласноговорниците на ДПМНЕ – Прилеп наместо да
потпаѓаат на манипулациите на екс директорот на прилепската болница, Петар
Ристески, да го прашаат заради чии интереси тој и претходната криминална
власт пермаменто и системски го уништуваа задравството во Прилеп и во
Македонија.

Нека ја слушнат јавно објавената аудио снимка на која лични Петар Ристески
им порачува на вработените дека се примени исклучиво по партиски список и
дека ако биле способни ќе биле во приватното здравство.

12 годишните бизнис и тендерски интереси на ВМРО-ДПМНЕ од корен го
уништија здравствениот систем во државата, ги погазија правата на
пациентите, а лекарите масовно ја напуштаа Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека времето на договерни тендери во четири
очи со кои се уништишуваше здравството, а се богатеше партиската
криминалната фамилија, засекогаш заврши и нема да се врати.

Денес Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство го
рехабилитираат здравтсвениот систем во интерес на граѓаните и лекарите.

Продолжуваат инвестициите за развој на здравствениот систем. Со Буџетот за
2019 година кој е зголемен за 300 милиони денари, докторите специјалисти
добиваат зголемување на платите за 10 отсто, а останатиот медицински
персонал добива повисоки плати за 5 отсто.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство остануваат
посветени на заложбите за градење на модерен, одржлив и ефикасен
здравствен систем.

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп 20.12.2018