Sovetnicka grupaПочитувани претставници на медиумите,
Изборите се добиваат со чесност, работливост, како и идеи и проекти со кои ќе се подобри животниот стандард на граѓаните. Секако, за да се направи тоа е потребен тим, тим кој има знаење, вештини и умеење да ги реализира во пракса сите проекти и мерки од нашата програма.

Почитувани, имам чест да ви ги претставам кандидатите за советници од коалицијата „Сојуз за иднината”. Чесност, искреност, работливост, посветност, креативност — тоа се карактеристиките на идните членови на Советот на Општина Прилеп од редовите на победничката коалиција „Сојуз за иднината”.
Ова е победничкиот тим, со кој заедно ќе им го вратиме достоинството на прилепчани. Ова е победничкиот тим, со кој ќе ги реализираме сите проекти кои ќе овозоможат отворање нови работни места и намалување на невработеноста во нашиот град. Ова е победничкиот тим кој со активни мерки ќе го спречи иселувањето на младите од нашата Општина. Конечно, ова е победничкиот тим кој ќе овозможи нова надеж и европска иднина за сите граѓани на Општина Прилеп.
Почитувани новинари, почитувани граѓани,
Со особена чест и задоволство, Ве поканувам, во сабота-09 Март, во 20 часот, во универзалната сала на Тутунски Комбинат, сегашна Арена сонце, да присуствувате на промоција на нашата изборна програма за претстојните локални избори. Ова е програма од граѓаните за граѓаните! Програма со конкретни, реални и остварливи проекти, како и датуми за нивна реализација.
ВРЕМЕ Е за просперитет и економски развој на Прилеп.
ВРЕМЕ Е за нова иднина за граѓаните на Општина Прилеп.
ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ !
Ви благодарам

 

На крај, дозволете ми од мое лично име, како и од името на,советничката група на коалицијата „Сојуз за иднината”, на сите припаднички на понежниот пол да им го честитам, меѓународниот ден на жената, празникот 8-ми Март.