Илјада зошто, но ниту едно затоа, од страна на Марјан Ристески!

sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ од 21.01.2013


Господо од ДПМНЕ, поддржувачи на режимот,
До кога ќе манипулирате со јавноста, до кога ќе ги претставувате вашите паркови и клупи како најголеми достигнувања во историјата на Прилеп? До кога Марјан Ристески ќе се задскрива зад други лица на пресови, наместо да излезе и лично да објасни што направил за граѓаните од Урбаната ааедница РИД.
Самиот факт, што Марјан Ристески упорно бега од лично соочување со прилепчани, говори за слабата поддршка која ја ужива во Прилеп. Нека се појави градоначалникот во заминување, меѓy жителите на УЗ РИД, па нека им објасни, за рекордната невработеност од над 40 %. Нека им објасни зошто потроши над 130 милиони евра на паркови и фонтани, додека тие молат за работа и се борат за гол живот.
Нека им објасни, како тоа само неколку „подобни“ фирми како што е познатата „Електро-Точила“ ги добиваат сите тендери кои Марјан Ристески ги распишува.
Нека објасни, зошто сега предизборно Димитар Стеванaџија си ја вработи сестрата како професорка во средното медицинско училиште? Дали причината е стравот од очигледниот пораз на ДПМНЕ на следните избори?
Зошто функционери блиски на Марјан Ристески, како што е Гордана Мицеска-претседателката на Совет на О.Прилеп, од неодамна и директор на Институт за тутун, спротивно на закон има две функции и зема две плати, додека прилепчани се без скршен денар, исцедени од казните и давачките на режимот.
Илјада зошто, но ниту едно затоа, од страна на Марјан Ристески!
Заради сето ова, илјадници прилепчани секоја вечер се на улиците на Прилеп. Затоа го поддржуваат Хари Локвенец! За подобра и сигурна иднина! За слобода и достоинствен живот!

СДСМ Прилеп
21.01.2013