Ерата на криминал и корпуција заврши, се решаваат проблемите на граѓаните!

Реакција на прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ како партија којашто стана заштитен знак на криминалот, корпуцијата и безредието, продолжува да ја манипулира јавноста и да шири лаги

Впрочем, освен манипулација и ширење лажни вести криминалната ДПМНЕ, ниту знае, а ниту умее да направи нешто во интерес на граѓаните, за што беше казнета на последните избори со тежок изборен пораз.

Изборната кампања и денот на изборите беа само пред неколку месеци, а граѓаните паметат како ДПМНЕ ги плашеше дека ќе се укинеле субвенциите за тутунарите и дека СДСМ ќе ги бркала инвеститорите.

Но, „на лагата и се кратки нозете“. Субвенциите за тутунарите, не само што не се укинати, туку се зголемија. Со одговорното и домаќинско работење, Владата предводена од СДСМ обезбеди пари за повисоки субвенции и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и четврта класа. Зголемувањето на субвенциите ќе важи и за реколтата 2017, односно за тутунот што веќе е предаден.

Никој инвеститор не е избркан, напротив осум нови странски компании започнуваат реализација на своите проекти за инвестирање во Република Македонија, во коишто ќе бидат отворени над 1500 нови работни места. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која потроши 225 милиони евра на скапи промоции и роуд шоуа, за новите 8 инвестиции не е потрошен ниту денар од парите на граѓаните.

Криминалното владеење на Груевски и ДПМНЕ, што сега очајно се обидуваат да го претстават во поинакво светло, резултираше со над 600.000 илјади иселени граѓани во странство, од кои најголем дел млади. Тоа е наследството на криминалната ера на Груевски и ДПМНЕ.

Невработеноста се намалуваше преку манипулација со списоците во агенцијата за вработување и бришење на невработените со поделба на активни и пасивни невработени и лажно претставување на иселените како вработени.

Наспроти ваквото владеење на претходната власт, Владата предводена од премиерот Зоран Заев и локалната самоуправа предводена од градоначалникот Илија Јованоски, секојдневно работат на долгорочно решавање на проблемите на граѓаните, подобра локална инфраструктура во градот и селата, подобро платени работни места.

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп