sdsmprilep1Почитувани,
Во недостиг на некаков сериозен проект за справување со рекордната невработеност и сиромаштија во Прилеп, Никола Груевски, денес, пред прилепчани зборуваше за прогресот во изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Штип.
Граѓаните не забораваат и се уште чекаат одговори од Никола Груевски за корупцијата во тендерите за изградбата на патишта и провизијата од 25 милиони евра, спомената во аудио снимките и доказите што ги објави СДСМ.
Прилепчани се целосно свесни за криминалното владеење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Токму затоа ваквите популистички посети на премиерот во заминување, поминуваат тивко, во мачна атмосфера и без поддршка од граѓаните.