Реакција на прес на ДПМНЕ од 22.12.2012

Почитувана Ана Лашкоска,Вие како познат експерт за амнестирање на хашки случаи, гледаме дека денес сте станале исто така експерт за геолошко – геомеханички истражувања.

Она што не зачудува е зошто Вие госпоѓице Лашкоска ваквите познавања не му ги ставивте на располагање на Марјан Ристески , и зошто после 8 години власт во Прилеп не направивте ниту една акумулација, а потрошивте над 120 милиони Евра во два мандати. Вие господо немате УСУЛ!
Проектите кои Хари Локвенец ги презентира се реални и остварливи. Гасификацијата која ќе ја спроведеме по примерот на Струмица и Куманово, ќе зајакне индустријата во градот. Трошоците за енергенси ќе се намалат за 40%, што ќе создаде услови за отворање нови работни места.
Заедно со проектот „Чиста петка” , овие два проекти ќе обезбедат најмалку 5,000 нови работни места за прилепчани. Прилечани заслужуваат подобра иднина и нова надеж. Затоа ќе гласаат за Хари Локвенец.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП