Вработени од ЈК Претпријатие Комуналец од Прилеп, на чие чело стои Златко Ристески-Џекчето, прв братучед на градоначалникот Марјан Ристески, денес беа ставени во целосна фунција за подготовка на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.
Еве за што прилепчани скапо ги плаќаат услугите на ЈК Претпријатие Комуналец, кое братучедите Ристески го претворија во партиско дувло на ВМРО-ДПМНЕ.
Од сликите јасно се гледа дека вработените од Комуналец во работно време, наместо да ја вршат работата за кој се скапо платени со парите од сиромашните прилепчани, тие се ангажирани во местењето на партиската трибина на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова претставува класична злоупотреба на Јавното Претпријатие Комуналец, за која директорот мора да сноси одговорност.
Select Page