Очигледно е дека одговорното, чесно, домаќинско и транспарентно работење е непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ останува затворена во криминалната и коруптивна матрицата со која 12 години го разнебитуваше општеството.
Оваа криминална партија нема никаков кредибилитет да зборува за вработувањата во јавните институции, особено што целата јавност дозна дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ја партизираше администрацијата.
Заканите, притисоците и уцените за обезбедување на партиски гласови во замена за работно место, што беше одлика на криминалата ВМРО-ДПМНЕ, е минато време.
Прилепчани никогаш нема да ја заборават изјавата на координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, кога самиот им кажа на вработените во болницата дека се вработени како партиски членови, а не од што биле професионалци.
За разлика тоа минато и засекогаш време, денес институциите и вработените се професионализираат и конечно го работат тоа за што се платени од граѓаните, а тоа е исклучиво интересот на самите граѓани, а не на партијата.
Македонија и Прилеп одат напред во развој и прогрес, рамо до рамо со европските партнери, а ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во криминалот и корупцијата
Со почит!
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп