Валентин Божиноски – Член на Совет на Општина Прилеп од редовите на ОО СДСМ Прилеп
Почитувани граѓани,
Ирена Стерјовска Локвенец со денешниот безидеен прес, во целост го признава хаосот и безредието што зад себе го оставија градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во општините ширум Македонија.
Замислете, Стерјовска, со гордост ја презентира информацијата дека поранешните градоначалници ги оставиле општините во милионски долгови!
Долгови коишто се резултат на недомаќинското и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и нивните партиските кадри, коишто ги трошеа парите од граѓаните како да се нивна лична своина.
А кој друг би зборувал за долгови и недомаќинско работење, освен Ирена Стерјовска, којашто и самата како поранешна директорка на Домот за стари лица, ја остави оваа институција во долгови и за која е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба.
Ја охрабруваме Стерјовска да продолжи со вакви прес конференции, со што самата ќе ги потсетува граѓаните како работела власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавното обвинителство веќе се занимава со криминалното и коруптивно работење на ВМРО-ДПМНЕ и штетите што ги предизвикале со парите од граѓаните.
Поднесени се серија на кривични пријави до Основното Јавно обвинителството полни со индиции за злоупотреби и криминал од страна на директорите од претходната власт.
Обвинителството ќе треба да ги расчисти сите индиции од кривичната пријава дека поранешниот директор Дарко Рибароски и фирмата „Марфил“ го оштетиле домот за стари лица за повеќе од 300.000 денари.
Да потсетиме, Златко Ристески – Џекчето, првиот братучед на Марјан Ристески, го оштетил прилепски Комуналец за половина милион евра и по примерот на Стерјовска, го остави ова претпријатие во огромни долгови.
Поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Сашо Николоски, го оштетил претпријатието за околу 100.000 евра за ненаплатени побарувања за вода
Јавноста наскоро ќе разбере во детали како е направен долгот од 3.5 милиони евра од страна на претходниот градоначалник Марјан Ристески.
Градоначалникот Илија Јованоски и Владата на СДСМ секојдневно ја покажуваат разликата помеѓу криминалното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на актуелната власт.
Сите ветени проекти ќе бидат реализирани, а криминалците ќе одговараат за своите злодела. Зборот е збор!
Со почит,
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп