pres2910Почитувани,
Ние советниците на Сојузот за Иднината на Општина Прилеп во знак на солидарност со Претседавачот на Општина Центар — Мирослав Шиповиќ, нема да присуствуваме на оваа седница на Советот на Општина Прилеп.
СДСМ нема да дозвили Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ со институционално насилство да ја превземе контролата врз Општина Центар. По неуспехот со изборната тортура, власта е во нов поход, преку монтирани политички процеси да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните.


Единствениот грев на Претседателот на ОО на СДСМ центар и Претседавач на Советот на Општината е што не попушти под заканите и притисоците на власта.
Бараме судот да ја укине мерката притвор за Мирослав Шиповиќ.
Ја повикуваме власта да престане со притисок врз судот за однапред да му пресуди на Шиповиќ, а со тоа и да ја погази волјата на граѓаните во Центар.
Очекуваме дека кај ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски ќе проработи разумот и ќе се обезбеди непречено фунционирање на Општина Центар.