sdsmprilep11oktomvri 02Почитувани,
На 11-ти Октомври, пред точно 73 години, Прилеп става посебен печат во борбата за слобода и рамноправност на македонскиот народ.
Ова е денот, кој со посебна чест и гордост го слават сите граѓани на градот Херој. Денот на храброста и пожртвуваноста на прилепчани, во име на патриотизмот и државноста.

 


Тогаш, во 1941-та, прилепчани одлучно ја избраа слободата. Предизвик кој за жал, денес е повторното исправен пред сите нас. Личната слобода, за која илјадници борци од НОБ несебично ги положија своите животи, денес е целосно погазена.
Правата на слободен говор, на еднаквост и рамноправност, денес во слободна и независна Македонија се целосно уназадени.
Пред нас се нови предизвици. Битки за благосостојба и подобар живот на младите генерации, за кои сум убеден дека ќе ги добиеме.
Дозволете во име на Социјадемократскиот Сојуз на Македонија, на сите прилепчани да им го честитам денот на востанието, 11-ти Октомври. Нека е честит и вековит!
Ви благодарам