Изјава на Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ Прилеп
Денес бевме во посета на опожарената зграда во населбата Бончејца во Прилеп, да видиме што се случило и колкави се штетите настанати од пожарот.
Видовме дека неколку станови се опожарени, направена е поголема материјална штета, за среќа поминати се луѓето со помали повреди, изгореници, пак за среќа нема поголеми последици по нивното здравје и сите се вратени на домашно лекување.
За големата штета, се трудиме дека Прилеп ќе излезе во пресрет и како Општина и како Совет да се санира штетата и на луѓето да им помогнеме во овие студени денови најбрзо што може.
СДСМ како Општинска Организација ќе организираме хуманитарна акција, да им помогнеме на луѓето кои се најпогодени од оваа непогода, а исто така ќе ја искористиме приликата да нашата советничка група во Советот на Општина Прилеп да поднесе до Советот да се даде еднократна помош на оштетените во оваа несреќа, која што за жал во овие студени денови ги погоде овие луѓе.
Ние како партија, излегуваме во пресрет секогаш кога луѓето, жителите, нашите сограѓани кои имаат проблеми од секаква природа. Добро ќе се организираме во соработка со сите наши членови, симпатизери а исто така со нашите услуги во Советот на О.Прилеп, брзо да излеземе во пресрет и да им помогнеме што е можно поскоро.
Се надевам дека вакви несреќи нема да се случуваат, а ние ќе бидеме секогаш тука да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните.