Леонардо Ковилоски – Регионален координатор за образование на СДСМ
Почитувани,
Комисијата за образование при ОО СДСМ Прилеп ја продолжува традицијата на хуманитарни активности по повод почетокот на секоја нова учебна година.
Економската состојба во државата, особено во Прилеп, е максимално влошена во последните неколку години власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Како резултат на лошите политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, огромен е бројот на родители кои не се во можност да набават ниту основен школски прибор за своите деца.
Во духот на солидарноста и хуманоста, и оваа година обезбедивме нови училишни ранци и прибори за триесетина ученици од Прилеп.
Целта е да им помогнеме на родителите коишто се во тешка финансиска ситуација, без разлика на нивната верска, национална, или партиска припадност.
Со ваквиот пристап, сакаме да испратиме порака до сите институции и релевантни политички субјекти, дека иднината на нашите деца не смее да биде условена од било какви побуди.
Општинската организација на СДСМ и Комисијата за образование, на сите ученици од нашиот град им посакуваат успешен старт на новата учебна година.
Благодарам