emteМиле Талевски – Член на Совет на Општина Прилеп

Почитувани граѓани,

Граѓаните на Прилеп и Македонија се борат со рекордната сиромаштија и невработеност, но тоа не важи само за тесни групи, блиски до Груевски.
Таков е примерот со семејството на пратеничка од Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Ана Лашкоска.
Нејзината мајка со години е директорка на ОУ „Добре Јованоски“. Од пред неколку денови и нејзиниот брат е поставен во функционерска фотеља. Дејан Лашкоски е поставен за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“. Деновиве имаше вистинска внатрепартиска војна во ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, кој да ја земе оваа позиција.
Братот на пратеничката Лашкоска, пред да дојде до неа, членуваше во бордот на директори во Тутунски комбинат Прилеп, а беше и на раководно место во комерцијалниот сектор во комбинатот, од каде замина со 15 илјади евра отпремнина.


Дејан Лашкоски, на 34 години, успеа да биде дел од борд на директори, раководител, корисник на средства од АВРМ и конечно, сега, да стане член на управен одбор на државно јавно претпијатие.
Инаку и сопругата на Дејан Лашкоски, како наставничка во ОУ„Кире Гаврилоски“ зема плата, исто така од Буџетот на граѓаните на Р. Македонија.
Еве, ова е вистинскиот пример кој е рецептот за вработување и функционерски плати за време на оваа власт, додека илјадници млади во Македонија на истата возраст чекаат во виртуелни редови за вработување или ја напуштаат државата.