Валентин Божиноски – Претседател на СДММ – Прилеп
Почитувани претставници на медиумите,
Денес прилепчани ја расчистија дилемата, околу она што неколку денови избегнува лично да одговори градоначалникот Марјан Ристески – зошто троши 1 милион и 700 илјади денари на фотокопирање, или според пазарни цени по 22.135 листови, секој работен ден?
Денес граѓаните имаа можност да гласаат и во четири различни кутии, да го постават гласачкото ливче, кое им нудеше избор помеѓу опциите:
1. Дали е ова за нов Гинисов рекорд — дневно копирање на 22,135 страни за 28,000 евра?
2. Дали е за во рубриката „верувале или не” ?
3. Дали спаѓа во категоријата „лаги со опашки” ?
4. Или пак, во категоријата „криминал и корупција” ?
Во огромен број, граѓаните на О.Прилеп се изјаснија и ја наполнија кутијата на која стои натписот „НОВ ГИНИСОВ РЕКОРД”, иако во игра до последен момент беше и кутијата со натпис „криминал и корупција”
Градоначалниче Ристески, прилепчани одлучија.
Сега,имате прилика да го прославите Прилеп, како единствен град во Р.Македонија кој држи два гинисови рекорди.
Веднаш можете да пријавите уште еден, нов гинисов рекорд, како единствен градоначалник кој секој работен ден може да фотокопира по 22,135 страни.
Ви благодарам