Почитувани медиуми, почитувани граѓани на Општина Прилеп.
Со лаги, дезинформации и со исинуации, режимот на Груевски, што замина, за среќа, сака да ја замае прилепската и македонската јавност. Посебно злоупотребувајќи ја институцијата Совет на Општина Прилеп. Да шири лаги како што кажав и инсинуации, и со тие лаги да ја затскрие вистинската реалност која што им следи на ДПМНЕ, после добивањето на комплетната, власт на државно ниво.
Целиот криминал, корупција, злоупотреба на Власта, што беше евидентна последните години на ДПМНЕ, сега истите тие сакаат да ја затскријат со лаги и манипулации. Во Прилеп децидно кажуваме, како политичко одговорна партија, заедно со нашите коалициони партнери, во Прилеп НЕМА да се градат кампови, згради, нема да се примаат бегалци од кризите на средниот и далечниот исток. Ние овде како советници нема да дозволиме оваа лага, дезинформација да се шири меѓу граѓаните на Прилеп, да се ствара некој страв, дилема и луѓето да живеат под притисок на овие дезинформации. ДПМНЕ направи страшни криминали и злоупотреби во минатите години на владеењето, со овие работи што ги шират меѓу граѓаните на Општина Прилеп и Република Македонија. Повторно кажуваме дека нема да успеат да го задскријат криминалот , правдата ќе ги стигне сите кои што згрешиле пред законите и пред Уставот на Република Македонија.
Денешната седница на Општина Прилеп беше максимално злоупотребена, со доведување на нова точка на дневен ред, на која што би се донесол некој заклучот за некоја теза, која што не постои.
Уште еднаш ги уверувам граѓаните на Општина Прилеп, нема бегалски кампови, нема згради за бегалците, нема бегалците да се вкомпонираат во општествениот живот и средината во Општина Прилеп. Ние како одговорна партија која што ја превзеде власта на централно ниво, како одговорна партија која ќе ја превземеме и локалната власт, ќе докажеме дека приоритет за нас е добросостојбата и економскиот просперитет на граѓаните на Општина Прилеп и Република Македонија. Со ваквите дезинформации и инсинуации укажуваат дека ДПМНЕ е во паника и доказ дека многу брзо ќе ја напуштат политичката сцена во Република Македонија и конечно демократската
Влада и власт на СДСМ со коалиционите ќе донесат подобар живот во Македонија и Прилеп. Граѓаните тоа го заслужуваат и ги повикуваме да не веруваат во овие лаги и манипулации кои што ДПМНЕ во немоќ и паника ги шират меѓу вас. Ве уверуваме дека на СДСМ приоритет им се граѓаните и благосостојбата.
Ви благодарам за вниманието и се надевам дека оваа наша изјава конечно ќе ја разбие маглата и ќе сватат граѓаните на Општина Прилеп дека ДПМНЕ во немоќ ги троши последните адути. Нема да им успее, ДПМНЕ на локално ниво ќе падне на следните локални избори и конечно Прилеп ќе го заживее животот и иднината која што ја заслужува.
Select Page