Драги прилепчани,
Со Вашето присуство на синоќешниот најмасовен и најголем граѓански митинг во Прилеп, Вие, веќе го најавивте исходот на овие локални избори.
Покажавте јасно и недвосмислено, дека Прилеп и прилепчани бараат ПРОМЕНИ!
Промени за живот во Прилеп, за сите!
Ајде вака масовно во недела на 15 Oктомври, заедно да ги заокружиме промените на локално ниво и да го вратиме животот во Прилеп.
Вие, со вашиот глас одлучувате, дали во Прилеп ќе има нови градинки и место за сите деца, или како и досега, градинката ќе остане привилегија само за децата на поединци!
Вие одлучувате, дали ќе возиме по улици со дупки, или по современи асфалтирани улици низ целиот град.
Од Вас и Вашиот избор на 15 Oктомври, зависи дали ќе има нови работни места, локален економски развој, силни претпријатија, или економска стагнација, сивило и сиромаштија како и досега.
Од Вас, почитувани сограѓани, зависи дали ќе ги задржиме младите да живеат и работат во Прилеп, или ќе бегаат по белиот свет како во изминативе 12 години.
Драги прилепчани, секој глас е важен. Сега е моментот! Сега е шансата, заедно да ја вратиме Општината во рацете на граѓаните. Да ги вратиме парите во Ваши раце.
Градиме две обиколници околу Прилеп, за почист град и безбеден сообраќај.
Ја гасифицираме целата општина. Со тоа, трошоците за греење ќе бидат намалени за 30 -40 отсто.
Го реконструираме домот за стари лица.
Салата „Македонија“ ќе прерасне во здравствено – спортско рекреативен современ центар, и повторно ќе биде гордост на Прилеп.
Старата „Соколана“ и стадионот „Гоце Делчев“ ќе блеснат во полн сјај!
Сметките за вода ќе бидат пониски за 20%.
Вие одлучувате за отворена, услужна и отчетна општина, или за партиско место како досега.
Вие избирате дали парите ќе се враќаат во вашиот џеб, или како и досега ќе се трошат бесцелно на екскурзии низ Европа и Австралија!
Вашата, иднината на вашите деца, на вашето семејство е само во ваши раце.
Ајде заедно да ја донесеме конечната победа, демократијата и да ставиме крај на диктатурата и режимот!
Во недела, заокружете го бројот 19!
Да расчистиме со „груевизмот“, со криминалот, со корупцијата, со злоупотребите, манипулациите, и пред се со продолжената рака на Груевски, Марјан Ристески.
Бројот 19 е за вашата среќа, за подобра иднина, подобар пензионерски живот, стабилни дуќанџии, силен економски раст и нови инвестиции.
Бројот е 19 за живот во Прилеп, за сите!