Александар Ѓорѓиоски – ЛК СДММ Прилеп

Почитувани граѓани,

Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија од Прилеп, во соработка со Општинската организација на Црвен крст од Прилеп, денеска организира хуманитарна крводарителска акција, која ја спроведуваме под мотототo „Дарувај крв – спаси живот“.

За нас хуманоста и солидарноста се највисоките принципи од кои секогаш се водиме, што се докажува со големиот број на млади кои денеска донираа крв.

Апелираме до сите граѓани, а посебно до младите од нашата Општина, секогаш да помагаат на другите кога им е потребна помош, особено кога нечиј живот зависи од нашиот добар и хуман гест.

Крводарителските акции се токму таква можност, кога сите можеме да ја покажеме нашата спремност да си подадеме рака еден на друг, а со тоа и да спасиме нечиј живот.

Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија од Прилеп, ќе продолжи активно да иницира, да спроведува и да учествува во сите хуманитарни активности во градот.

Благодарам

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп