sugareski0804Горан Сугарески – Кандидат за Пратеник од СДСМ

До каде ќе оди дрскоста на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, при злоупотребите на јавните претпријатија и установи?
Еве ги сликите од пред само десетина денови, кога за потребите на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, вработени од ЈКП Комуналец, наместо да работат она за што се платени од граѓаните, тие, во работно време, беа ангажирани во припремите на партиската бина.


Јавноста сеуште нема одговор, кој тогаш дозволи вработените од Комуналец да бидат ставени во фунција на партиски активности?
Но, ова не остана единствениот случај на вакви злоупотреби.
Јавноста е шокирана и згрозена од видеото кое деновиве се појави на медиумите, од кое јасно се гледа како медицинско возило на градската болница „Борка Талески” со развиорено партиско знаме на ВМРО-ДПМНЕ, јуриша низ улиците во Прилеп.
Медицинско возило, од чија ажурност зависат човечки животи, беше ставено во партиска употреба. Скандалозно и недопустливо!
Граѓаните се посебно загрижени што до денес за ваквиот скандал, ниту еден од раководителите и одговорните во прилепската болница, не понесе лична одговорност.
И во случајот со Комуналец и во случајот со градската болница станува збор за класична злоупотреба на јавен сервис во партиски цели, за кои првите луѓе мора мора да сносат одговорност.
Го повикуваме министерот за Здравство Никола Тодоров, кој вчера призна дека ова се косело со неговата етика, да покаже сериозност во постапките, а не само во зборовите и да поднесе неотповиклива оставка, со што ќе покаже барем малку личен и морален кредибилитет.
Истовремено, за ваквиот скандал треба веднаш и неодложно да го разреши директорот на прилепската болницата, Илија Богатиноски.
Притоа, од истите етички и морални причини, секретарот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Талески треба веднаш да си поднесе оставка од функцијата Претседател на Управниот Одбор на прилепската болница „Борка Талески”.