mt0708Почитувани граѓани,
После вчерашните поплави во Прилеп, Марјан Ристески и ВМРО ДПМНЕ треба да одговорат, како се потрошија неколку милиони евра за изградба на нова канализациска мрежа од проектот за пречистителна станица во Прилеп?
После само еден час интензивен дожд, покрај тоа што Прилеп повторно наликуваше на Венеција, на видело излезе целата неспособност и нестручност во изградбата на канализационата мрежа.
Кој ги бираше изведувачите, дали се вршеше надзор над нивната работа, какви пропусти се направени во градежните зафати на терен, се прашања за кои нема да дозволиме да останат неодговорени.


За поплавите, штетите по општинскиот и приватниот имот и потенцијалните зарази од истечените фекалии по улиците на градот, како и за сите неправилности во изградбата мора да има морална, законска и политичка одговорност.
СДСМ уште од самиот почеток на проектот алармираше и укажуваше.
Проектот пречистителна станиза во Прилеп беше дел и од аферата со бројните фирми во куќата на поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Граѓаните знаат дека и фирмите на изведувачот и надзорот беа сместени во куќата на Јанакиески и дека за градежните активности беше ангажирана фирма на негови роднини.
Потребна е целосна ревизија на трошењето на средствата од проектот за пречистителната станица и тоа ќе го направиме.
Дополнително, алармиравме и за некадарноста на општинскиот штаб за справување со кризи, а советничката група на СДСМ ја напушти седницата кога се формираше истиот, од причини што во него е вклучен скоро целиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, без ниту еден професионалец. Штетата од таквиот кризен штаб, за жал, и на сопствен грб, ја осетија граѓаните на Прилеп.

Со почит!

Превземете го решението за именување на членови на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Локалната самоуправа на општина Прилепименување на членови на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Локалната самоуправа на општина Прилеп