fp2501Филип Попоски – Портпарол на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани,
Несериозноста на општинските власти во трошењето на народните пари, како и недомаќинското и некадарно раководење со Јавните Претпријатија, повторно се потврди со нефункционирањето на долгонајавуваниот градски превоз во Прилеп.


Пред неколку месеци, со наша поддршка во Советот на Општина Прилеп се донесе одлука за основање на Јавно Претпријатије за градски превоз, од причини што Општина како нашата, со над 80 илјади жители, навистина има потреба од јавен транспорт.
Но, дали и овој пат, партиските несогласувања и поделби во ВМРО-ДПМНЕ за избор на директори во Јавните Претпријатија, направија директна штета по граѓаните, што резултираше со ставање во мирување на ова Јавно Претпријатие?
Имено,
Градоначалникот Марјан Ристески, за директор на ЈП за Превоз првично го назначи Методија Томески, кој за кратко време беше сменет, и на неговото место за нов директор е назначен Дејан Насески.
И покрај изборот на два Директори, Управен Одбор кој одржа неколку седници, дефинирање на линии и ценовници, сепак, на последната седница на Совет, мнозинството од ДПМНЕ, ги поништи сите претходни одлуки донесени за ова новоформирано Јавно Претпријатие за Превоз, му ги одзеде ингеренциите и надлежностите, и ги врати на Јавното Претпријатие за Просторно и Урбанистичко Планирање.
Прашуваме,
Кој ќе сноси одговорност за ваквиот преседан, непознат досега за сите нас, Јавно Претпријатие да се стави во мирување? Барем така беше изјавено од советниците на власта.
Почитувани сограѓани,
Упорно ќе се бориме во Ваше име, час поскоро, да ја добиете оваа услуга, која беше предвидена и во нашата програма. Нема да бидиме само неми сведоци на неспособноста на локалната самоуправа да ги решава проблемите на нашите сограѓани, туку се ќе сториме и ова што поскоро да се реализира.
Благодарам.