Почитувани граѓани, драги прилепчани,
Ова е објектот што Марјан Ристески, 12 години го остави на забот на времето и ништо не направи.
Ние сме овде пред сала „Македонија“ да го промовираме новиот проект кој ќе се вика: „Здравствено спортско рекреативен центар“ со покриен базен и токму ќе биде направен на ова место.
Овај центар ќе биде наменет за сите граѓани на Прилеп, и тоа за деца со искривен рбет, мајки со бебиња, повредени спортисти за физикална терапија и возрасни со дегенеретивни заболувања. Вториот дел ќе биде наменет за рекреативни пливање, фитнес центар и колективна гимнастика. Зошто е битен ова центар, сите школски деца од 6 до 18 години имаат искривен рбет од 25 проценти.Хидро терапијата е најдобра докажана метода за корекција на оваа деформација, затоа ние посакуваме да имаме здрави и исправени деца.
Почитувани сограѓани, сите сме овде да дадеме нов живот на Прилеп и на младината во Прилеп.