Одговор на контрапрес од ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Наместо со факти да ги расчистат дилемите, господата од ДПМНЕ, секогаш кога ќе се соочат со сериозни аргументи и прашања кои се од суштински интерес за граѓаните, тие, во нивни стил, го спуштаат нивото на комуникација.
Затоа, да го потсетиме читачот на денешниот контрапрес од ДПМНЕ што се случува денес во 2013, и како возрасен човек, да покаже дека не е лажен душегрижник за состојбата со невработеноста во Прилеп, и во име на Груевски, Ристески и ДПМНЕ, да им одговори на невработените прилепчани:
• Како исчезнаа над 17 илјади граѓани на Општината Прилеп, од списоците на невработени во агенцијата за вработување, со цел лажно да прикажите намалена невработеност од 28.8% ?
• Кога веќе со личен потпис, ги ликвидираше најголем дел од прилепските фирми, каде се фабриките, кои Груевски ги вети во слободната економска зона АЛИНЦИ, за чија инфраструктура наводно издвоил неколку милиони евра, а сеуште е празна ливада?
• Колку странски инвестиции и фирми, донесе градоначалникот Марјан Ристески, од неговите работни „екскурзии” низ цела Европа, Кина и Австралија, на сметка и со пари од граѓаните, и која компанија ја договори да инвестира во Прилеп, еве, конкретно од неговата последна посета, од пред неколку денови на Италија?
Господо од ДПМНЕ, доста е лицемерие и манипулации. Граѓаните бараат иднина СЕГА, а не лаги за минатото!
Со почит,
Центар за Комуникации со Јавност
ОО СДСМ Прилеп