Локалниот клуб на млади при Општинската организација на СДСМ Прилеп денес ја организира традиционалната 16-та по ред крводарителска акција „Дарувај крв, спаси живот“. Горди сме на оваа активност, бидејќи од година во година наидуваме на се’ поголем одѕив од страна на граѓаните. Потребата од крв за болните и повредени е секојдневна. Затоа сметаме дека секоја капка крв е важна, исто како што секој човек важен. Солидарноста и хуманоста се два основни столбови врз кои социјалдемократската младина ги темели своите политики. Ги охрабруваме сите граѓани на Прилеп, да бидат хумани, да даруваат крв, а со тоа да спасат нечиј живот. Со оваа хуманитарна акција даваме пример до сите млади луѓе, дека треба да помагаат и да даруваат од срце.
Select Page