Хари Локвенец – Кандидат за пратеник во И.Е.4
Почитувани прилепчани,
Почитувани акционери и вработени во Тутунски Комбинат АД Прилеп,
Почитувани тутунопроизводители,
Соочени со очигледниот пораз, Никола Груевски и фамилијата, прават невидени напори да ги сокријат криминалите на власта.
Денеска, директорот на АД Тутунски Комбинат Прилеп, Александар Дерменџиев, во обид да ја сокрие неспособноста и 10 годишното криминално раководење со комбинатот на сите негови претходници, свикува собрание на акционери.
Намерата е да извршат спојување на АД Тутунски Комбинат со двата ДООЕЛ-и, со единствена цел да ги прикријат загубите од над 100 милиони евра создадени од директорите на ВМРО-ДПМНЕ.
Еве како создадоа 100 милиони евра загуби, по години, во периодот од 2007 до 2015:
После 10 години брутално раскрчмување и продажба на се вредно во Тутунскиот комбинат, вредноста на имотот на компанијата го намалија за 5 пати. Односно, од 5 милијарди денари колку што вредеше во 2007 година, на само 1 милијарда, колку што вреди денес.
Вредноста на акциите на Тутунскиот Комбинат од 2007 до денес, е намалена за 8,5 пати.
Во 2007 година една акција од комбинатот можеше да се продаде за 1698 денари, додека денес не може да се продаде ниту за 200 денари. Катастрофа!
Во моментов, некогашниот тутунски гигант од кој егзистираше цела прилепска општина, е претворен во манифактурно погонче за производство на цигари и обичен откупен пункт за тутун.
Лаже Дерменџиев дека соработката со „Филип Морис“ е во нагорна линија!
Само во последниве две години, од комбинатот се испуштени 600 работници, а во најава е отпуштање на уште 200. Тоа се делата на ВМРО-ДПМНЕ!
После 11ти декември, новата власт предводена од СДСМ, ќе побара ревизија на целокупното работење на комбинатот. Ќе бидат испитани сите манипулации и нелегални трансакции. Одговорност ќе сносат сите инволвирани.
Во изминативе 10 години, во менаџерските тимови на комбинатот, продефилираа:
Зоран Јолески – Поранешен амбасадор во САД и актуелен Министер за одбрана
Никола Тодоров – Актуелен министер за здравство
Виктор Мизо – Актуелен директор на технолошко развојни зони,
Тони Димитриоски – Директор на топилница Велес,
Влатко Атанасоски- Актуелен директор на агенција за пошти
Сашо Дукоски – Директор на државен градежен инспекторат
Ристо Новачески- Кум на Никола Груевски,
Жарко Христоски, како и Панче Дамески – Поранешен пратеник на ВМРО- ДПМНЕ од Прилеп.
Прилепчани ќе добијат одговор, како братот на пратеничката Ана Лашкоска, зеде 15.000 евра од комбинатот како технолошки вишок, за веднаш потоа да добие место во УО на ЈП „Студенчица“.
Почитувани сограѓани,
Ставаме крај на криминалната власт на Никола Груевски и фамилијата. Имаме план, мерки, програма за живот на сите прилепчани.
Гласањето за бројот 4, е глас за живот во Македонија.