За Марјан Ристески 1500 денари не претставуваат ништо

sdsmprilep1Одговор на реакција од Локална Самоуправа Прилеп

Почитувани,

Наместо денес,градоначалникот да се одважи и да се произнесе за конструктивниот предлог на СДСМ, со промашеното и лицемерно соопштение, во немање на аргументи, потврди дека токму тој е кумот на ваквите одлуки со кои се црпат и последните пари од џебот на граѓаните, во случајов, од родителите на гимназијалците.
Г-дине Ристески, после 8 години власт, гледаме дека за Вас 1500 ден, не претставуваат ништо! Впрочем, денес обичниот прилепчанец, може само да сонува за раскошот во кој живеат функцинерите на ДПМНЕ. Но затоа, 1500 ден. се огромни пари за секој еден прилепчанец, посебно во услови на ваква, досега невидена сиромаштија, за која сте лично виновен.

Со почит,
ОО СДСМ Прилеп