ВМРО-ДПМНЕ да не го вплеткува градоначалникот во случаи кои не се поврзани со работењето на Општина Прилеп

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да го валка дигнитетот на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, пласирајќи груби конструкции, со намера да манипулира со јавноста.

Овие очајнички потези на ВМРО-ДПМНЕ се обид да ја дефокусираат јавноста од успешниот старт на градоначаланикот Јованоски, којшто работи интензивно на сите полиња, на спроведување на проектите од изборната Програма.

Јавноста не е изненадена. Ваквиот популистички манир е својствен за ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните на изборите ја испратија пораката, не им веруваат на невистините, бараат и очекуваат резултати.

Им порачуваме да не го вплеткуваат градоначалникот во случаи, коишто на никој начин не се поврзани со работата на градоначалникот и Општина Прилеп.

Доколку не ги повлечат овие конструкции, ќе бидат поднесени тужби за клевета и навреда.

Оставаме на надлежните институции поврзани со случајот да си ја завршат работата на професионален начин.

Со почит!

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп