ВМРО-ДПМНЕ имаше 12 години да обезбеди мерни станици за квалитетот на амбиенталниот воздух.
Но, наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ, ги трошеше парите на граѓаните на популистички реклами дека здравјето нема цена, без притоа да преземе ниту еден чекор за обезбедување почист воздух.
Дополнително, бившата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исече дрворедите од градското подрачје на Општина Прилеп, со што ги отстрани и оние малку дрвја што ни даваа кислород во градот.
Затоа, ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ, во најблага форма кажано, се лицемерни и служат само за собирање на ситни дневно политички поени.
Владата на Република Македонија и новата општинска власт, имаат сериозен и одговорен пристап по однос на прашањето за обезбедување почист воздух, без да ги доведуваат во заблуда граѓаните.
Затоа, работиме активно и внимателно на обезбедување долгорочни услови за почиста животна средина во интерес на сите граѓани на Општина Прилеп.
Со почит!
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп